Образование за сите
Здружението за унапредување на образованието КОНЕДУ ГЛОБАЛ е граѓанска организација која придонесува кон остварување на подобри услови за образование и поголем пристап до најразлични образовни ресурси за сите засегнати чинители.
Организацијата се раководи од следните принципи и вредности: партиципација, еднакви можности, толеранција, партнерство и транспарентност и одговорност.

За нас
Нема настани во наредниот период.
Следни настани:
Визија
Свет на рамноправни и активни луѓе кои пристапот до различните образовни ресурси го користат за личен развој, подобрување на квалитетот на животот и добросостојбата на заедницата.
Мисија
Пристапот до најразличните образовни ресурси го поттикнува и олеснува активното вклучување на сите луѓе во современиот свет.
Долгорочни цели
-
достапни образовни ресурси за сите;
-
модерно, технолошки напредно и инклузивно образование;
-
универзален дизајн за сите; и
-
иновативна организација со кредибилитет и способност за партнерства.