Образование за сите
Програми
„Образованието е најмоќното оружје кое може да го користите за да го смените светот“. Нелсон Мандела
Образовен софтвер
Избор на соодветна образовна апликација која ќе се интегрира во наставната програма е процес кој бара да се исполнети многу предуслови. Локализацијата и адапцијата на постоечките образовни апликации одзема доста време и чини безмалку колку и развој на нова апликација.
Ние во КонЕду ГЛОБАЛ сме посветени на развој на образовен софтвер кој ќе соодветствува на целите на наставните програми и е на јазиците на кои се изведува наставата во Република Македонија.
Универзален дизајн
Дизајнирање на било каков производ вклучува многу фактори: естетика, осмислување, индустриски стандарди, запазување на еколошки стандарди и цена на чинење. Најчесто, дизајнерите се фокусирани на просечниот корисник.
За разлика од стандардниот дизајн, универзалниот дизајн е осмислен да биде од полза за сите корисници и затоа КонЕду ГЛОБАЛ во сите свои активности го користи и промовира универзалниот дизајн.
Превенција на врсничко насилство
Подигање на свеста и превенцијата на врсничкото насилство кај младите е дел од програмата на КонЕду ГЛОБАЛ. Вклучува два аспекти на делување: работа со наставници и родители и работа со ученици.
Целта е да се изгради сигурна средина и позитивна клима во училиштата која ја зајкнува социјалната интеракција и инклузивност.
Едукативни роботи
Едукативните роботи стануваат се попоуларна образовна алатка во основното и средното образование како и во младинските летни кампови поради зголеменитот интерес кај младите за програмирање, вештачка интелегенција и роботика.
Во КонЕду ГЛОБАЛ се развиваат образовни активности и модули за обука со примена на едукативните роботи.




