top of page
Образование за сите
Новости и настани
Проект за превенција на меѓуврсничко насилство
Проектот за превенција на меѓуврсничко насилство „Крајот на насилството започнува со тебе“, имплементиран од Здружението за унапредување на образованието КонЕду Глобал од Скопје и делумно поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, званично започна со својата работа во септември 2016 година.
Во проектот се вклучени две основни и две средни училишта од Скопје и по едно основно и едно средно училиште од Тетово.
Активностите во рамките на проектот ќе се одвиваат до јуни 2017 година.

Проект за зголемена медиумска писменост за поефикасна социјална трансформација
Почнувајќи од ноември 2016 година, Здружението за унапредување на образованието КонЕду Глобал од Скопје ќе го имплементира Проектот за зголемена медиумска писменост поддржан преку проектот на Британската амбасада во Скопје спроведуван од Фондацијата Метаморфозис.

bottom of page